Аријан Адеми кој го напушти Динамо Загреб од денеска е нов играч на кинескиот состав Пекинг Гуан.
Македонскиот фудбалски интернационалец потпиша договор за три години со кој ќе добие по 1,65 милиони евра на сезона.
Елитниот шампионат во Кина ќе стартува во втората половина на април а Адеми ќе го носи дресот со број 45.