Аријан Адеми постигна гол, а имаше и асистенција на натпреварот против Шкупи, но сепак неговата екипа не се радуваше на победа против македонскиот шампион (2:2) во првиот меч од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. По мечот, капитенот на Динамо Загреб беше самокритичен и кажа дека мора да се игра подобро.
„Имавме контрола на играта, доста добри шанси. Имавме грешки кои скапо не чинеа, мора да бидеме подобри уште веќе на следниот натпревар, а во Скопје ќе бараме пласман во следната рунда. Не го потценивме Шкупи, влеговме врвно во мечот, ги имавме пред голот, а по оној зицер кој го промашив во 10. минута следеше пад. Мора да се биде концентриран цели 90 минути. Сепак, нема што да жалиме, мора да одиме на победа во Скопје“, изјави Адеми по натпреварот.
Реванш натпреварот меѓу Шкупи и Динамо Загреб се игра на 26 јули од 21:00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

