Денеска во Нион беа формирани паровите за новотo квалификациско коло од Лигата на фудбалските шампиони. Динамо Загреб на нашиот Аријан Адеми ќе му гостува на Ференцварош. Унгарците во претходното коло на гостински терен направија сензација и го елиминираа шкотскиот гигант Селтик.
Еве ги комплетните двојки за последниот филтер елиминации во елитата на Eвропа.
Митјиланд-Јанг Бојс
Макаби Тел Авив-Динамо Брест
Омонија-Црвена Ѕвезда
Ференцварош-Динамо Загреб
Карабах-Молде
ПАОК-Бенфика
Динамо Киев-АЗ Алкмаар
Гент-Рапид Виена
Натпреварите ќе бидат одиграни на 15 и 16 септември 2020 година и тоа без присуство на публика поради пандемијата со ковид-19. Се ќе се решава само во еден дуел.

