Турскиот гигант Фенербахче официјално потпиша за 1+1 година со францускиот репрезентативец Адил Рами, а веста беше објавена на веб-страницата на Фенербахче.
33-годишниот централен дефанзивец беше избркан од Олимпик Марсеј. Тој неодамна стана познат по својата врска со познатата Памела Андерсон. Сепак, на крајот, нивната романса заврши со насилен скандал, а секс бомбата од 90-те години на минатиот век го обвини фудбалерот дека систематски ја злоупотребувал и ја подложувал на големо насилство. На крајот, токму тоа го блокираше трансферот во САД, откако Рами имаше голема шанса да се пресели во клуб од МЛС лигата.
Во текот на својата кариера има играно во екипите на Фрежус, Лил, Валенсија, Милан, Севиља и Олимпик Марсеј.