Францускиот играч од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, веќе пристигнал во Торино. Фудбалерот ќе биде во карантин две недели, а потоа ќе може да започне со тренинзи.
„Рабио штотуку пристигна во Торино“, напиша новинарот Ромео Агрести на „Твитер“ .
Претходно беше објавено дека Јувентус е подготвен да се раздели со Адриен Рабио во текот на летниот преоден рок. Рабио се пресели во италијанскиот клуб пред почетокот на оваа сезона како слободен агент од ПСЖ.
Оваа сезона, 25-годишниот играч од средниот ред има одиграно 17 натпревари во Серија А, во кои немаше забележителен настап. Клубовите во Серија А гласаа за продолжување на сезоната од 13 јуни.