Африканскиот фудбал доби сериозен удар на ова СП откако остана без преставник во елиминациската фаза во Русија. Сенегал беше со големи шанси да ја помине групната фаза, но пропушти да го направи, така како што се случи и со Нигерија пред два дена.
Значи ниту еден тим од „Црниот континент“ (Сенегал, Нигерија, Тунис, Мароко, Египет) не продолжи понатаму по одигрувањето на средбите во групите што не се е случило изминатите 36 години. За последен пат на светскиот шампионат во Шпанија 1982 година, во втората фаза немаше африкански тим. Потоа, сликата се менува се до денешното фијаско на Светското првенство 2018 година.
Африкански тимови во елиминациска фаза:
1986: Мароко
1990: Камерун
1994: Нигерија
1998: Нигерија
2002: Сенегал
2006: Гана
2010: Гана
2014: Нигерија, Алжир
2018: Нема