Англискиот фудбалски состав Манчестер Сити, ги стартувал преговорите за ангажман на Хуан Фернандо Кинтеро, кој настапува како позајмен oд Порто во редовите на Ривер Плата, потврди самиот играч.
„ Горд сум што голем клуб се интересира за мене. Ако се вратам во Европа, сакам да го направам вистинскиот избор. Имам понуди и од Кина, но, тие не ме интересираат“ – вели Колумбиецот.
Неговиот договор со Порто трае до 2021 година а откупната клаузула му изнесува 40 милиони евра.