Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски, потврдил дека сака да го напушти клубот и летово да си побара нов предизвик. Веста ја потврди и неговиот агент, Пини Захави во изјава за весникот „Билд“.
29-годишниот Полјак е во Минхен од 2014 година и има 106 голови во 126 натпревари од Бундеслигата.
„Роберт чувствува дека му треба промена и нов предизвик во неговата кариера. Одговорните играчи во Баерн се свесни за неговата желба“, потенцирал Захави.
Агентот увери дека барањето на Левандовски не е поврзано со одредена понуда од друг клуб.