Сергеј Серебреников, агентот на играчот за врска на Аталанта, Руслан Малиновски, ги коментираше гласините дека неговиот клиент може да се пресели во Интер веќе оваа зима.
Беше објавено дека Интер сака да го купи Малиновски, но за да се случи тоа Интер ќе треба да го продаде играчот за врска Кристијан Ериксен .
„Прочитав многу во печатот во последниве денови. Не знам дали Интер имаше контакт со Аталанта, но јас не разговарав со Интер. Износот на трансфер на Малиновски? Тешко е да се одговори, треба да ја прашате Аталанта. Клубот го купи, а само таму знаат за колку ќе бидат подготвени да го продадат. Руслан е среќен што игра за Аталанта. Тој се приклучи на тимот минатата сезона и е дел од проектот. Тој веќе покажа добра игра. Руслан сега не размислува за другите клубови. Ако дојде конкретен предлог, ќе разговараме за тоа заедно. Но, мислам дека не вреди да се размислува за други клубови во моментов. Интер е врвен клуб со голема традиција. Антонио Конте е одличен тренер. Можам да зборувам само позитивно за тимот. Но, сега нема ништо конкретно“, изјави Серебреников.

