Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе сака да игра во Реал Мадрид. Ова го откри беговиот менаџер во изјава за весникот „Марка“. Фудбалерот одамна е во плановите за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. Агентот, сепак, се сомнева дека тоа ќе се случи во текот на летото поради пандемијата на коронавирусот што сериозно финансиски ги поремети плановите на сите екипи.
„Мбапе сака да игра во Реал Мадрид. Под нормални околности, се очекуваше тој да се пресели таму летово. Но, сега, поради пандемијата, никој не може да си дозволи да плати 300 милиони евра за еден фудбалер. Килијан сака да работи со својот идол Зинедин Зидан и да стане најдобриот напаѓач на светот“ , рече Ле Мее.
Зидан е исто така е заинтересиран да го привлече Мбапе во неговиот тим. Напаѓачот има договор со ПСЖ до 2022 година и клубот се обидува да го натера да потпише нов, но засега тоа не е направено.
Оваа сезона 21-годишниот талент одигра 33 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 30 голови и 17 асистенции.