Жорже Мендеш, кој е агент на играчот на Милан, Рафаел Леао, имал првични разговори со претставници на Реал Мадрид, а се разговарало за евентуален трансфер на фудбалерот, откри новинарот Лука Бјанкини на социјалните мрежи.
Сепак, мала е веројатноста Реал Мадрид да го привлече Португалецот ова лето, бидејќи бараните 100 милиони евра се превисока цена за раководството на Реал Мадрид. Засега од Милан не даваат никакви индикации дека ќе се раздели со Леао за помала сума. Репрезентативецот на Португалија има 8 гола и 6 асистенции оваа сезона во италијанското првенство.
23-годишниот Рафаел Леао е поранешен фудбалер на Лил и Спортинг (Лисабон). Во португалската репрезентација дебитираше во 2021 година.