Сандро Тонали е испратен дома од италијанската репрезентација, откако тој и уште двајца други играчи беа вмешани во случај на обложување каде наводно се обложувале на сопствени натпревари.
Неговиот агент Џузепе Рисо денеска пред медиумите потврди дека Сандро Тонали страда од зависност од коцкање.
„Сандо е потресен, но неговата борба започна. Неговата најважна битка сега е борбата против оваа болест. Искуството на Сандро ќе ги спаси животите на други момчиња“, вели агентот.
И Сандро Тонали и Николо Заниоло се испратени дома од репрезентацијата поради обложувачкиот скандал и наскоро ја очекуваат судската разрешница на случајот.