Искусниот Серхио Кун Агуеро за првпат влезе во составот на Барселона и може да дебитира вечерва. Аргентинскиот напаѓач се најде на списокот на Каталонците за натпреварот со Валенсија, откако веќе целосно се опорави од повредата. Претходно во неделата, тој дури постигна гол во контролен натпревар.
Вчера, тренерот Роналд Куман не беше сосема сигурен дали ќе го вклучи Кун Агуеро во групата, но по последниот тренинг одлучи дека е подготвен.
🚨 SQUAD LIST 🚨#BarçaValencia pic.twitter.com/xEa48uiiwa
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 17, 2021
„Серхио Агуеро е одличен во шеснаесетникот и може да даде многу на тимот“, изјави холандскиот тренер на клупата на Барселона.
Вечерва Барселона на својот стадион „Камп Ноу“ го пречекува тимот на Валенсија, а средбат започнува во 21 часот.