Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро сосема очекувано беше прогласен за најдобар играч во Премиер Лигата за месец февруари, по неговата одлична игра на натпреварите за својата екипа.
Аргентинецот постигна 7 гола, реализирајќи два хет трика против Арсенал и Челзи, а неговиот тим победи на сите четири натпревари, а со тоа го надмина Ливерпул на врвот на табелата. Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола исто така логично ја доби наградата за најдобар менаџер за изминатиот месец.
Ова е шести пат како тој ја освојува оваа награда, но ова е прв пат оваа сезона наградата да заврши кај него.
Агуеро, исто така, постигна гол против Вест Хем, а не постигна гол против Евертон. Но, тој најчесто беше дел од натпреварите против ривалите од Лондон, кои беа уништени од неговата екипа. Неговата одлична форма му помогна на неговиот тим да го одвои Лига купот на Англија, но и да продолжи во трката на четири фронта.