Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе му се приклучи на тимот во Португалија на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Аргентинецот се надева дека ќе ја надмине повредата и дека ќе игра на еден од натпреварите. Завршниот дел од елитната конкуренција во Европа ќе започне утре а екипата на Пеп Гвардиола дури в сабота ќе се сретне со Лион.
Англиската експедиција денеска замина за Пиринеите а меѓу играчите фигурира и Ерик Гарсија кој има договор за уште 12 месеци, но, нема да го продолжи. Наводно за неговиот потпис е заинтересирана Барселона.