Поранешната ѕвезда на фудбалските состави Манчестер Сити и Барселона, Кун Агуеро, се обиде да прогонозира што ќе направи Лео Меси откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Тие се одлични пријатели и поранешни соиграчи во репрезентацијата на Аргентина.
„Меси сериозно ја разгледува опцијата да заигра за Њуелс“ – открил поранешниот голгетер на „гаучосите“.
Меси кој според сите проценки ќе ја добие наградата на ФИФА за најдобар фудбалер во 2022 година, има да одработи уште неколку месеци од договорот со Французите.