Аргентинецот, Серхио Агуеро, кој во изминатото лето го напушти Манчестер Сити и замина во Барселона, верува дека „граѓаните“ може да ги освојат титулите во Премиер-лигата, ФА Купот на Англија и Лигата на шампионите.
33-годишниот Агуеро кој на крајот на 2021 година мораше да се повлече од фудбалот поради проблеми со срцето, е еден од најдобрите стрелци во историјата на англискиот клуб.
„Во Манчестер Сити се обидовме да ги освоиме сите можни трофеи. Така ќе биде и во иднина. Мислам дека тимот има големи шанси повторно да го освои домашното првенство, како и ФА Купот и Лигата на шампионите“ – изјави Серхио Агуеро.