Играчот за врска на РБ Лајпциг, Амаду Аидара го обнови договорот со германскиот бундеслигаш до летото 2025 година.
23-годишниот фудбалер е уште еден клучен играч кој ја продолжи верноста со клубот во последните денови, по поранешниот капитен Вили Орбан и голманот Питер Гулачи.
Аидара се пресели во Лајпциг од Ред Бул Салцбург во 2019 година и веќе има 80 натпревари за германскиот тим. РБ Лајпциг е втор во шампионатот на Германија по Баерн (Минхен), кој веќе ја обезбеди титулата, а својот прв трофеј би можел да го освои во четврток кога во финалето на Купот на Германија игра против Борусија Дортмунд.

