Едно од најпопуларните имиња оваа пролет во Лигата на шампионите, фудбалерот на Ајакс, Душан Тадиќ, најмалку уште една сезона ќе остане во редовите на холандскиот тим, иако за него има голем интерес од големите европски состави.
Српскиот репрезентативец игра во фантастична форма,а неколку европски великани пројавиле сериозен интерес за неговите услуги. Од Холандија денеска стигнуваат индормации дека раководството на Ајакс и Тадиќ имаат договор тој и следната сезона да го предводи тимот.
Србинот се врати во Холандија по заминувањето од Саутемптон и потпиша договор со Ајакс до јуни 2021 година.

