Јувентус би можел да ја плати бараната сума од 75 милиони евра за дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт.
Според весникот „газета дело Спорт“, понудата на Јуве од 67 милиони евра за Де Лихт беше одбиена и Ајакс не отстапува од своите барања да добие 75 милиони евра за слободата на младиот фудбалер.
Се очекува „бјанконерита“ да ја зголемат својата понуда во следните неколку часа за да можат да го склучуваат договорот оваа недела. Откако ќе биде договорено плаќањето, 19-годишниот играч може да оди на лекарски прегледи.