Тренерот, Алфред Шредер, доби отказ од Ајакс по вчерашното реми на домашен терен со Волендам во рамките на фудбалскиот шампионат на Холандија.
-Ајакс го смени Алфред Шредер од неговата позиција. Договорот на тренерот требаше да трае до 30 јуни 2024 година но, сега е раскинат. Договорот на помошниот тренер Матијас Калтенбах исто така ќе биде раскинат– стои во соопштението на „копјаниците“.
Шредер во 2022 година го напушти Клуб Бриж и се пресели на „Амстердам Арена“. Тој го наследи Ерик тен Хаг кој замина во Манчестер Јунајтед.