Ајакс се најде во интересна ситуација при подготовката на апликацијата за пријавување на играчите од плејофот во тековната Лига Европа.
Според „Би-Би-Си“, во вторникот, 2 февруари, учесниците во Лигата на Европа морале да испратат списоци со 25 играчи. Клубот од Амстердам, како и другите, поднеле апликација, но по грешка го немало новиот играч во тимот напаѓачот Себастијан Алер.
„Во контакт сме со Фудбалската асоцијација на Холандија и УЕФА за да видиме каде е направена грешката“, објавија од Ајакс.
Клубот од Амстердам го купи Алер во овој зимски преоден рок од Вест Хем Јунајтед за 22,5 милиони евра. 26-годишниот напаѓач постигна 2 гола на неговите први 6 натпревари за новиот тим во првенството на Холандија.
Во 1/16 финалето од Лигата на Европа, Ајакс ќе игра против Лил. Првиот натпревар ќе се одигра на 18 февруари во Франција, вториот на 25 февруари во Холандија.