Напаѓачот на фудбалскиот состав Барселона, Луис Суарез, може да добие понуда да се пресели во редовите на Ајакс, наведуваат денеска дел од медиумите.
Наводно, спортскиот директор на „копјаниците“, Марк Овермарс, планира да испрати понуда за Уругваецот кој во минатото имаше блескави партии за холандскиот состав. Суарез од 2007 до 2011 година одигра 159 мечеви за тимот од Амстердам со ефект од 111 голови и 68 асистенции.
Според одредени извори, за играчот на Каталонците се заинтересирани и екипи од Катар.