Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ајакс во Амстердам против Бенфика по „билет“ за четвртфинале
    Фудбал

    Ајакс во Амстердам против Бенфика по „билет“ за четвртфинале

    risteBy riste15/03/2022No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалерите на Ајакс вечерва ја пречекуваат Бенфика на својот стадион во Амстердам. Ајакс двапати водеше во првиот натпревар против Бенфика во осминафиналето на Лигата на шампионите, но Португалециет успеа да се вратат и натпреварот заврши 2:2. Двата тима вечерва ќе го започнат мечот на арената Јохан Кројф без предност, а токму овој меч ќе го одреди следниот четвртфиналист во Лигата на шампионите. Домаќините се фаворити, но сигурно нема да им биде лесно против тимот од Лисабон.

    Ајакс не беше убедлив во последните неколку недели, но дојде до две драматични победи од 3:2 против Валвијк и Камбур во шампионатот на Холандија. Ајакс е лидер на табелата со 2 бода предност пред ПСВ Ајндховен, но сега сите мисли се насочени кон пласманот понатаму во Лигата на шампионите.

    Ерик тен Хаг се надева дека Себастијан Алер ​​ќе продолжи да постигнува голови со леснотијата со која го прави тоа во текот на целата сезона. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска исто така постигна гол во Лисабон, иако во тој момент си постигна автогол. Ентони, Стивен Бергхаус и Душан Тадиќ се другите офанзивни адути на Ајакс, а во средниот ред играат Рајан Гравенберг и Дејви Класен. Едсон Алварез до крај ќе биде под знак прашање за настап.

    Бенфика е надвор од битката за титулата во португалската лига, а минатиот викенд одиграа нерешено на домашен терен против Визела (1:1). На овој натпревар избраниците на Николас Верисимо одиграа повеќе од 80 минути со играч помалку по црвениот картон на Адел Тарабт. Бенфика ретко успеава да го зачува својпот гол во текот на сезоната, а против Ајакс ќе биде уште потешко.

    Португалскиот гигант не го поминал четвртфиналето во Лигата на шампионите од 2016 година. Загрижува уште еден факт – тимот има само една победа на последните 14 гостувања во Лигата на шампионите. Харис Сеферовиќ е повреден, а Дарвин Нунез ќе го предводи нападот, а потоа следуваат Тарабт, Евертон и Гонзало Рамос. Николас Отаменди беше резерва против Визела, но вечерва ќе биде стартер.

    Ајакс е во серија од 7 последователни домашни победи во сите натпреварувања. Покрај тоа, тимот од Амстердам нема пораз на последните 7 натпревари против Бенфика од 1969 година.

    Во 2018 година, двата тима беа ривали во групната фаза од Лигата на шампионите, одиграа 1:1 во Лисабон, а потоа Ајакс победи со 1:0 со голот на Нусаир Мазрауи.

    АЈАКС – БЕНФИКА (2:2 во првиот натпревар)

    Веројатни состави:
    АЈАКС (4-2-3-1): Онана; Мазрауи, Тимбер, Мартинез, Блинд; Класен, Гравенберг; Ентони, Бергхаус, Тадиќ; Алер

    БЕНФИКА (4-4-2): Влаходимос; Лазаро, Отаменди, Вертонген, Грималдо, Р.Силва, Вајгел; Тарабт, Евертон, Рамос; Д.Нунез

    СУДИЈА: Дел Серо Гранде (Шпанија)
    СТАДИОН: Арена Јохан Кројф

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното

    01/04/2023

    Барса излезе со соопштение

    01/04/2023

    Шпанецот го советува Сака

    01/04/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Квартараро има проблеми со моторот
    • Холанѓанецот закрепнува побрзо од очекуваното
    • Барса излезе со соопштение
    • Шпанецот го советува Сака
    • Германецот ќе остане во Бенфика
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.