Напаѓачот на Севиља, Лукас Окампос би можел да се пресели во Ајакс. Клубот од Холандија веќе ги започна преговорите за трансферот на фудбалерот и го сака како замена за Ентони, кој треба да замине во Манчестер Јунајтед. Ова го објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо на Твитер.
„Ајакс започна официјални преговори со Севиља за Лукас Окампос. Тој е главна цел да го замени Ентони бидејќи договорот со Зиеш сè уште е во застој од минатата недела“, напиша Фабрицио Романо на социјалните мрежи.
Лукас Окампос се пресели во Севиља од Марсеј во 2019 година. Во актуелниот шампионат на Шпанија, тој влезе на теренот на сите три натпревари, но не постигна гол. 28-годишниот напаѓач е аргентински репрезентативец.