Екипите на Ајнтрахт (Ф) и Г. Ренџерс вечерва треба да ни понудат возбудливо финале во Лигата на Европа. Битката за првиот европски трофеј оваа сезона ќе се оидигра од 21 часот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во Севиља .
Двата тима се подготвени и мотивирани да ја зграпчат својата шанса, бидејќи никогаш во својата историја не победиле на престижното натпреварување. Ајнтрахт го освои Купот на УЕФА во 1980 година, додека Ренџерс го крена трофејот на турнирот КПК во 1972 година.
Влогот за двата тима е огромен, бидејќи победникот ќе добие право на учество во групите од Лигата на шампионите и пристап до големите пари што ги дели УЕФА. Тоа значи за победникот се загарантирани 15 милиони евра.
Во текот на сезоната во Лигата на Европа, Ајнтрахт забележа фантастичен учинок завршувајќи до ова финале без пораз. Во исто време, Ренџерс се уверени дека трофејот ќе заврши во нивните витрики, откако веќе елиминираа два германски тима на патот до финалето (Борусија Дортмунд и РБ Лајпциг).