Играчот од средниот ред на Ајнтрахт (Ф), Филип Костиќ бил пред трансфер во екипата на Интер, но трансферот пропаднал поради тоа што Германците ги одбиле сите понуди за него. Информациите велат дека Ајнтрахт одбил 40 милиони евра кои Интер ги ставил на маса за неговиот потпис.
Оваа сезона, Костиќ играше на 9 натпревари за својот клуб, постигна 4 гола и направи 3 асистенции. Тој дојде во Ајнтрахт во 2018 година, а претходно беше дел од Штутгарт и Хамбург.