Ајнтрахт (Ф) е заинтересиран да купи двајца играчи на Борусија Дортмунд. Според германските медиуми, составот кој беше вистински хит минатата сезона, сега се обидува да ги добие фудбалерот од средниот ред Себастијан Роде и напаѓачот Максимилијан Филип.
25-годишниот Филип не е вклучен во плановите на тренерот на Борусија (Д) Лусиен Фавр. Ајнтрахт во него гледа како на замена за Себастијан Алер, кој неодамна го напушти клубот и замина во Вест Хем за 40 милиони евра, што беше рекорд во историјата на лондонскиот клуб.
Во моментов, цената на Филип е 18 милиони евра. 28-годишниот Роде играше за Ајнтрахт на позајмица во втората половина од минатата сезона.