Струмичкиот прволигаш Академија Пандев се посвети на целосно подмладување на екипата, па по неколкуте потписи на играчите од младинската школа, клубот во своите редови донесе неколку млади и перспективни играчи како што се Никола Серфимов, Бојан Димоски, но и искусниот Марјан радески.
Денес од страна на Академија Пандев потврдија дека во нивните редови доаѓа Милан Томиќ, кој беше дел од Црвена Ѕвезда. 20-годишниот играч, настапува на позицијата последен играч за врска, ги мина младинските категории на гигантот од Србија, но не успеа да се наметне во првиот тим.
Засилувањето на Академија Пандев стави потпис со клубот на договор во времетраење од две сезони.