Академија Пандев е годинешниот освојувач на Купот на Македонија. Во 27. Финале, струмичани по подоброизведување на пенали ја совладаа екипата на Македонија ЃП, откако по 120 минути игра, средбата заврши нерешено, 2:2.
Од првата минута мечот донесе големи возбудувања, но и група игра на двете страни. На прв гол се чекаше се до 10. минута, кога атрактивно погоди Сашко Пандев за водство на Академија Пандев со 1:0.
Во 21. минута, „лавовите“ изедначија на 1:1, откако Робсон да Силва погоди со одлично изведе слободен удар.
И по одморот, гледавме добар фудбал. Сепак, вистинските возбудувања дојдоа на самиот крај. Во 84. минута Тантуровски погоди за 2:1 за Македонија ЃП, но само две минути подоцна струмичани добија пенал за израмнување на 2:2.
Во пенал серијата Робсон да Силва од Македонија ЃП промаши, а Стоилов реализираше за гостите. Потоа Карваљо погоди за „лавовите“, Дориев за А. Пандев, а успешни беа и Лукас за Македонија ЃП и Илиев за Академија Пандев.
Тантуровски промаши за ѓорчепетровци, а Велинов да го погоди клучниот пенал прослава на струмичкиот тим.