Македонија ЃП и Академија Пандев ќе играат во финалето на националниот фудбалски куп. Во возвратните средби од полуфиналето, и Македонија ЃП и Академија П. дојдоа до победа асо што го потврдија местото во финалниот меч.
Во Ѓорче Петров, „лавовите“ славеа минимално со 1-0 против Беласица со автоголот на Џонов и со вкупно две идентични победи патуваат во финалето.
По првиот триумф од 3-1, идентична победа и за Академија Пандев, но овој пат како гостин против Победа во Кавадарци.