Денеска во Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка беа извлечени паровите од 1. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Среќата сакаше на стартот да се сретнат освојувачот на Купот и шампионот. Академија Пандев ќе ја пречека Шкендија, и тоа ќе биде најинтересниот дуел на 11 август, за кога е закажан стартот на шампионатот.
Ренова игра против Силекс, Вардар на домашен терен ја чека Македонија ЃП. Во останатите дуели од 1. коло ќе играат:
Струга – Работнички
Шкупи – Борец
Вардар – Македонија ЃП
Ренова – Силекс