Екипите на Силекс и Академија Пандев вечерва (19 ч.) на Националната арена во Скопје влегуваат во битка за трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија.
„Пандевци“ се последни освојувачи на трофејот, откако пред две сезони во финалето беа подобри од Македонија ЃП по подобро изведување на пенали.
Силекс по пауза од 24 години ќе го игра своето четврто финале, во кое ќе атакува на третиот трофеј во ова натпреварување.
Судија на вечерашниот меч ќе биде нашиот интернационален судија, Александар Ставрев.

