Првите луѓе на Манчестер Јунајтед планираат да испратат понуда до фудбалерот на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.
„Црвените ѓаволи“ во текот на летото сакаат да ја засилат дефанзивата со 26-годишниот Швајцарец кој изјави дека нема намера да остане во редовите на „милионерите“.
Аканџи за германскиот состав игра 5 сезони откако беше привлечен од Базел во 2017 година. Тој има 148 натпревари и 3 гола. Неговата трансферна цена е околу 30 милиони евра.