Раководството на Барселона продолжува да работи на привлекувањето на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ ги објави двата начини на кој би можел да се реализира трансферот на францускиот голгетер на „Камп Ноу”.
Доколку Барселона се договри со Атлетико Мадрид за трансфер за вредноста на клаузулата – 120 милиони евра, ќе треба да платат даноци во износ од 21% од износот – 25,2 милиони евра. Во овој случај, сепак од Барселона ќе бидат во корист со плаќањето на рати.
Ако не се договорат на овој начин тогаш, треба задолжително да ја депонираат целата сума од 120 милиони евра во канцелариите на „Ла Лига“. При вториот метод ќе бидат избегнати десетиците милиони евра како даноци, но нема да имаат одложено плакање.
Од „Камп Ноу”, сепак се чини дека ја преферираат првата опција, за да ги имаат потребните финансии за Нејмар. Според истиот извор зделката не е пред финализирање, но се очекува да биде завршена или на крајот на неделата, или на почетокот на следната.