Баерн Минхен ќе слави скромно, ако денеска ја освои титулата во Германија. Причина, претстојните важни натпревари во Лигата на шампиони, изјави тренерот на баварците, Јуп Хејнкес.
Баерн може и официјално да го потврди насловот германски шампион на денешниот дуел со екипата на Аугзбург.
„Ако станеме шампиони, ќе изпиеме по една чаша шампањ, но само толку. Треба да сме концентрирани за претстојните натпревари до крајот на сезоната. Ќе се забавуваме кога сезоната ќе заврши”, рече Хејнкес.
На инсистирање на тренерот со тимот за Аугзбург патуваат и повредените играчи како Мануел Нојер, Давид Алаба и Артуро Видал, за да може да бидат со тимот, ако баварците денеска ја потврдат титулата.