Ако успеат да ја поминат екипата на Салцбург, фудбалерите на Шкендија во плеј-оф колото за пласман во ЛШ ќе игра со победникот од двомечот меѓу Црвена Звезда и Трнава. Натпреварите од последната фаза пред групите ќе се одиграат на 21/22 август, а реваншите се закажани една недела подоцна, односно 28/29 август.
Првиот судир со австрискиот првак е закажан за 8 август на „Ред Бул арена“, а реваншот „црвено-црните“ ќе го одиграат во Скопје шест дена подоцна.