Рускиот тенисер Данил Медведев може да му направи услуга на Новак Ѓоковиќ и да го врати на првото место на АТП листата по Мастерсот во Мајами. Имено, петтиот светски рекет со евентуалното освојување на Мастерсот во Мајами ќе направи скок на 4. место на АТП листата, а од врвот ќе го симне младиот Шпанец Карлос Алкараз.
Доколку ја освои титулата Медведев ќе му овозможи на Ѓоковичќ враќање на врвот на светската ранг-листа, а Алкараз тогаш ќе мора да се спушти на втората позиција.