Ајнтрахт Франкфурт, наводно, побарал од Милан 40 милиони евра за да им го продаде Анте Ребиќ. Од оваа сума, 20 милиони евра ќе завршат кај Фиорентина.
Напаѓачот пристигна на двегодишна позајмица во Милан како замена за Андре Силва. Ребиќ во вториот дел од сезоната стана топ-голгетер на „росонерите“, по што почнаа шпекулации околу неговиот комплетен договор со миланезите.
Според „Тутопорт“, Ајнтрахт Франкфурт јасно напоменал дека цената на Хрватот е 40 милиони евра.