Британски „Тајмс“ пишува дека екипата на Челзи ризикува да ги прекрши правилата на финансискиот фер-плеј, доколку клубот не успее да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Со други зборови, парите кои беа лабаво потрошени од новиот сопственик на лондонскиот клуб, Тод Боли, мора некако да бидат оправдани со нов финансиски плус.
Огромните инвестиции на трансер пазарот можат да го доведат Челзи во проблеми во однос на финансискиот фер-плеј на УЕФА. Според „Тајмс“, Челзи ќе биде во голема опасност да ги прекрши правилата, а исто така клубот веќе е ставен меѓу 19-те европски клубови врз кои ќе биде направен дополнителен мониторинг од Телото за финансиска контрола на УЕФА во септември.
Ако не успеат да влезат во Лигата на шампионите, Челзи ќе биде принуден да продава играчи.