Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, размислува да остане со Мануел Нојер како стартен голман по враќањето од повредата, што ќе значи дека за актуелниот голман на баварците Јан Зомес следната сезона нема да има место во дресот на баварците.
Капитенот на Баварците моментално се опоравува од скршеницата на ногата и се очекува да биде фит за стартот на следната сезона. Зомер нема да се сложи да остане во сенка на Нојер, па затоа голема е шансата тој летово да си замине. Швајцарскиот интернационалец беше доведен од Борусија Менхенгладбах оваа зима, откако Нојер се повреди. За него Баерн плати 10 милиони евра.