Ако не успее да го обезбеди потписот на Павар од Баерн (М), Интер ја разгледува опцијата да го купи фудбалерот на Торино, Пер Шурс.
Интер има договор со Баерн Минхен за Павар, но трансферот се одложува бидејќи геранците не сакаат да го пуштата да си замине, без да донесат замена за него.
„Ла Стампа“ пишува дека Интер го губи трпението со Павар, па следи некои алтернативи доколку трансферот пропадне. Една од првите е името на Шурс кој е прв „пик“ на Симоне Инзаги. Торино најави дека ќе бара 40 милиони евра за дефанзивецот.