Првите луѓе на ПСЖ подготвуваат одмазда за обидите на Реал Мадрид да го одведат Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“. Парижани како одговор на овој потег на „кралскиот клуб“ ќе се обидат да го договорат голгетерот на мадриѓани, Карим Бензема, тврди „Ел Национал“.
Изданието додава дека Французинот е фаворит за заминување од шпанската престолнина, доколку ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд пристигне во Реал.
Бензема е во животна форма, а за првпат во кариерата е сериозен кандидат за освојување на „Златната топка“. Актуелниот договор на Французинот е до 2023 година.