Иако има 36 години, Аксел Витцел си најде тим и ќе продолжи да игра во Ла Лига. Белгиецот, кој е слободен агент, ќе потпише договор со Џирона во текот на денот за период од 2 години. Во последните три сезони го носеше дресот на Атлетико Мадрид.
Тренерот на Џирона – Мичел планира да го користи Витцел како дефанзивен играч од средниот ред, додека во Атлетико Мадрид играше во центарот на одбраната.
Пред да се договори со Џирона, Витцел беше блиску до преселба во Удинезе, но трансферот пропадна.
Во својата богата кариера, тој играше и за Борусија Дортмунд, Зенит, Бенфика, Стандард Лиеж и кинескиот Тјанџин Сунџијанг.

