Саудиски Ал Ахли испратил понуда за крилниот напаѓач на Њукасл, Алан Сен Максимин, објави весникот Л’Екип. Според изворот, саудискиот клуб понудил 25 милиони евра за 26-годишниот Французин.
Самиот играч според новиот договор може да заработува 12 милиони евра годишно.
Договорот на Сен Максимин со „страчките“ е со важност до летото 2026 година. Тој му се приклучи на Њукасл од Ница во 2019 година за 18 милиони евра.