Саудискиот Ал Хилал планира да го објави сензационалниот трансфер на Лионел Меси на 6 јуни, вторник.
Според каталонскиот „Спорт“, целата земја се подготвува за спектакуларниот настан. Се чека само конечното „да“ на Лионел Меси. Седумкратниот освојувач на „Златната топка“ вечерва ќе го одигра својот последен меч за Пари Сен Жермен, што пред два дена и официјално го потврди тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие. Најдоцна во понеделник Меси ќе го даде својот конечен одговор на Ал Хилал, а се очекува тој да биде позитивен.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, исто така сакаше да го врати Меси на „Камп Ноу“, но финансиските тешкотии на Каталонците го спречија клубот засега да испрати формална понуда за Аргентинецот. Времето минува, а ситуацијата останува неизвесна, што ја открува одлуката на Меси.
Ал Хилал упати невидена понуда до Лионел Меси. Според неа, 35-годишниот Аргентинец треба да добива 400 милиони евра по сезона, што е за околу 200 милиони повеќе од она што го заработува Кристијано Роналдо во Ал-Насер.

