Саудискиот клуб Ал-Итифак е во преговори со Ливерпул за ангажирање на играчот од средниот ред Џордан Хендерсон, објави инсајдерот Фабрицио Романо на неговиот Твитер профил.
Според изворот, капитенот на „црвените“ ќе го пропушти вечерашниот пријателски натпревар на Ливерпул против Карлсруе и покрај тоа што Хендерсон ќе се упати на тренинг камп во Германија со остатокот од тимот на Јирген Клоп.
Да потсетиме, претходно беше објавено дека Ал-Итифак му понудил на англискиот играч од средниот ред договор со плата од повеќе од 800.000 евра неделно.
Во сезоната 2022/2023, капитенот Џордан Хендерсон одигра 35 натпревари во англиската Премиер лига и даде две асистенции.

