Леандро Тросард би можел да се пресели во првенството на Саудиска Арабија. За 29-годишниот крилен напаѓач на Арсенал е заинтересиран Ал-Итихад.
Според Фабрицио Романо, саудискиот клуб понудил околу 35 милиони евра за Белгиецот. Одлуката за можноста за трансфер треба да ја донесе лондонскиот клуб.
Оваа сезона Леандро Тросард постигна еден гол на три натпревари во Премиер лигата. Фудбалерот се пресели во Арсенал од Брајтон во сезоната 2022/23.

