Една од најголемите ѕвезди во саудискиот фудбал Карим Бензема минува низ тежок период во Ријад.
Бензема дојде како главно засилување во Ал-Итихад, но французинот се повреди за време на натпреварот на неговата екипа со Ал-Вехда во раките на четвртото коло од шампионатот. По една ситуација која не изгледаше опасно, Бензема куцајќи го напушти теренот. Се предвидуваат неколку недели пауза, заради истегнување на мускул на ногата.
Францускиот напаѓач пристигна во летниот преоден рок во клубот од Саудиска Арабија каде што настапува за плата од 200 милиони евра годишно. На првите три првенствени натпревари постигна еден гол и две асистенции.
Уште од самото доаѓање на Бензема во клубот , арапските медиуми пишуваа дека не бил добро прифатен од тренерот на тимот Нуно Еспирито Санто. Сепак, Португалецот негираше дека има недоразбирања со Карим Бензема.