Шпанските медиуми вчера лансираа информација дека Бразилецот Нејмар се поздравил со своите соиграчи од ПСЖ и им порачал дека повеќе нема да игра за францускиот клуб. Денеска, веднаш стигна демант на информацијата и тоа директно од првиот човек на клубот, Насер Ал-Келаифи.
„Тој ќе биде во ПСЖ и следната сезона. Тоа можам да го гарантирам 2000%. Сигурен сум дека и тој тоа го сака“, изјавил претседателот на ПСЖ.
Бразилецот минатото лето стигна во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра од екипата на Барселона